Текстури на ѕид со помош на метла

Од:

Нема потреба да купувате скапи алати или да плаќате декоратери кои ќе ги трансформираат собите во вашиот дом. Покрај стандардните украсувања со помош на самолепливи ленти, четки и валјаци, потребно ви е само боја каде ќе го натопите само врвот на метлата.

Оваа техника, покрај тоа што убаво изгледа, многу е погодна за стари и нерамни ѕидови. На овој начин можете се да направите сами, да заштедите пари и да создадете изглед кој го сакате. Погледнете го овој едноставен процес на правење убави текстури на завршната обработка на вашите ѕидови.

Прво, покријте ги сите прекинувачи за светло со самолеплива лента. Ако одлучите оваа техника да ја примените на кујнски ѕидови, измијте ги со сапун или средство за одмастување. Со лентата порабете го работ на плафонот, а потоа залепете ја околу прекинувачот за светло и прозорци како и по должина на ѕидот.

Потоа, нанесете го слојот на бојата на целиот ѕид со валјакот. Освавете ја бојата на „суво“ околу 20 минути. Потоа почнете од лево кон десно, или од десно кон лево правејќи широки ленти од подот до плафонот. Оставете бојата да се исуши околу пет минути, а потоа со стабилни движења користете го врвот на метлата кој е потопен во бојата. Отстранете го целиот вишок боја од врвот на метлата и повторете ја постапката се додека целиот ѕид не го исполните со оваа убава текстура.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска