Американската пејачка Тејлор Свифт беше главна ѕвезда на овогодинешниот Супер Боул, а камерите го следеа секој нејзин потег.
На интернет сега се шири видео од поп-ѕвездата како испива на „екс“ пиво на стадионот Алегиант во Лас Вегас.
„Тејлор Свифт штотуку се напи пијачка на екс“, гласи описот на видеото на X, кое за само неколку часа собра повеќе од пет милиони прегледи.
Taylor Swift just chugged a beer when she was shown on the video board at the Super Bowl . pic.twitter.com/LPn55wWDBc
— Ari Meirov (@MySportsUpdate) February 12, 2024
„Убаво е да се види дека е како нормалните луѓе“, „Таа не претставува сите нас“, „Многу се забавуваше“, се дел од коментарите.
На другите им пречеше тоа што „промовира“ алкохол. „Ова не е добар пример за девојчињата“, „Промовирањето на алкохол „супер“ ќе влијае на децата“, пишуваат тие.
Инаку, Свифт пристигна во друштво на нејзините пријатели Блејк Лајвли и Ајс Спајс, а од трибините навиваше за своето момче.