Тејлор Свифт ги избриша сите профили на социјалните мрежи

Од:

Американската пејачка Тејлор Свифт ненадејно ги избриша сите профили на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Тумбир и ЈуТјуб, што ги вознемири нејзините фанови.

На Фејсбук, Твитер и Инстаграм, Тејлор имала над 262 милиони следбеници, а нејзините фанови на Твитер дискутираат за тоа поради што се повлекла од социјалните мрежи и што и се случило. Мистеријата за нејзиното исчезнување се обидуваат да ја решат и светските медиуми, како и таблоидите. Многумина сметаат дека овој потег на Тејлор Свифт е само маркетиншки трик и увертира во нејзиниот нов, шести студиски албум, на кој работела во тајност.

Некои медиуми пишуваат дека го следи примерот на еден американски бенд, кој за да порасне продажбата на нивниот албум, оваа година во мај го направи истото.

Многумина тврдат дека во последно време се поретко излегувала и се криела од фотографите, а кога излегувала од дома се криела во широка облека со капа.

Би можело да ве интересира

Тејлор Свифт на второ место на листата на најголеми ѕвезди на 21от век – фановите бесни

А1он

(ВИДЕО) Трамп со Тејлор Свифт: Вештачката интелигенција создаде хаос

Горан Наумовски

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

Трамп призна: Ја мразам Тејлор Свифт!

A1on

Тејлор Свифт е најнаградуваниот уметник во историјата на MTV VMA наградите

Тејлор Свифт ја поддржува Камала Харис

Горан Наумовски