Тарантино: Филмовите не се виновни за насилството

Од:

Пукањето во училиштето во Конектикат која однесе 27 животи фрли сенка на њујоршката премиера на филмот „Django Unchained“ од Квентин Тарантино.

Познатиот режисер рече дека му е доста од тоа да ги брани своите филмови секогаш кога ќе дојде до сличен инцидент.

– Насилство постои во овој свет, трагедии се случуваат, рече тој и додаде дека вината за тој чин на насилство оди на товар само на оној кој го направил.

Актерот Џејми Фокс не се согласува: – Не можеме да го вртиме грбот зборувајќи дека насилството во филмовите или што и да е што работиме ние, нема влијание на ваквите појави. Секако дека има.

Неговата колешка Кери Вошингтон додаде дека е „важно да се разговара за насилството, но не и во контекст на забава, туку да се обрне внимание дека тоа е погрешно и неправедно колку и општествената болест“.

Фокс во филмот го игра Џанго, роб чија историја со поранешните сопственици го соочува со германски ловец на глави, др. Кингом Шулц (Кристофер Волц). Шулц е на трага на двајцата браќа, убијци и само Џанго може да му помогне да го заврши тоа што тој го наумил.

„Django Unchained“ ќе се појави во кината на 25 декември.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ