„Таксират“ почнува со тридневна меѓународна конференција

Од:

Со тридневна музичка меѓународна конференција која го заокружува проектот „Музика без граници” и под веќе добро познатото мото „Преврти го Скопје наопаку“, утре почнува 14. издание на интернационалниот фестивал „Таксират“.

Преку 40 концерти на млади бендови и настапи на врвни музички имиња од светската сцена, се само дел од предвиената програма.

Како што најавија организаторите, конференцијата ќе биде посветена на светски актуелни теми од музичка индустрија и култура, културниот развој и активизам. Најавено е присуство на 400 гости и одржување 20 панел дискусии. Предвидено е и гостување на Драмски театар со претставата „Последните Македонци“, како и поставување на изложбата што почна минатата година.

Настапите на младите бендови ќе се одржуваат викендов на повеќе локации, во Домот на АРМ, клубовите „Хавана“ и „Колосеум“, како и во кината „Вардар 1“ и „Вардар 2“ што ќе бидат специјално отворени за оваа намена. Влезот за сите е бесплатен, освен за оние во „Хавана“ и „Колосеум“ кои ќе чинат по 100 денари.

Први декември е резервиран за традиционалниот „Позитивен концерт” на кој најактивната македонска „банда инструментале“ Суперхикс ќе го прослави своето полнолетство – 18 години постоење и ќе го промовира новиот албум „Африка”. Главната фестивалска вечер е закажана за 8 декември кога на сцената на „Метролис Арена“ ќе се појават Скиндред, Че Судака, Чиста Околина, Тања Стивенс, Паров Стелар, Кирил Џајковски и Ван Гог.

Стивенс, една од највлијателните женски реге артисти, ќе настапи со 12-член состав, додека Скиндред кои моментно се на турнеја низ САД, прават исклучок и доаѓаат во Македонија за да гостуваат на „Таксират“.

Програмата на целиот фестивал ќе може да се следи во живо, на Антена 5 радио и преку интернет.

Четврта година по ред „Таксират“ е спонзориран од телекомуникацискиот оператор ОНЕ.

Би можело да ве интересира

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром