Триесет и едногодишната жителка на главниот град на Тајланд, Бангкок, денеска со специјално амбулантно возило е пренесена во болница каде што за намалување на нејзината тежина треба да се грижат хирурзи.
Предебелата Нокаев Сенсомпарн сега има тежина од 300 килограми и поради тоа воопшто не може да застане на нозе. Подготовките за нејзино сместување во амбулантното возило траеле половина час. При доаѓањето во болницата таа изјави дека очекува лекарите да успеат да и ја намалат тежината, барем до толку да може самата да се движи.
Управникот на болницата вели дека прво треба да ја откријат причината поради која дбелата Нокаев е толку алчна по храна, а потоа ќе следат, според него, успешни хирурчки интервенции.