Тајландскиот крал се ожени четврти пат

Од:

Кралот на Тајланд, Маха Вачиралонгкорн, кој в сабота ќе биде и службено крунисан, денеска објави дека се оженил четврти пат и својата сопруга ја прогласи за кралица на државата.

Во соопштението од кралската палата се наведува дека Сутида Вачиралонгкорн На Ајуѓа (40), која официјално е венчана за 66-годишниот крал, сега е Кралица Сутида.

Иако таа веќе три години е позната на јавноста, многу малку се знае за неа, поради што веста претставува изненадување за многу Тајланѓани. Таа е четврта сопруга на тајландскиот крал и поранешна стјуардеса, која го запознала Маха на еден лет.

Сутида во 2013 година и се придружила на кралската гарда и станала командант на кралските безбедносни единици, а моментно има чин генерал.

Кралот Маха пред неа се женел и разведувал трипати, а крал стана во 2016 година по смртта на неговиот татко.

На телевизија била прикажана снимка од нивната венчавка, на која кралот е во бела униформа, а Сутида во розова традиционална облека и се потпишуваат во матична книга.

Кралот е познат по своето ексцентрично однесување, меѓу другото и што својата пудлица Фу Фу ја назначил за генерал, а кога угинала ја погребал со сите државни почести. Тој, исто така, на една прослава во 2007 година својата тогашна сопруга ја натерал пред гостите да јаде гола од чинијата на пудлицата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач