По постигнување на рекорден број велосипедисти кои во август Бангкок и другите градови на Тајланд учествуваа во одбележувањето на роденденот на кралицата мајка, принцот Маха Вајиралонгкорн објави дека подготвува слична, помасовна, манифестација и по повод 88. роденден на сегашниот крал на Тајланд.
Како и велосипедскиот синџир со кој прославата на роденденеот на мајката кралица влезе во Гинисовата книга на светски рекорди, така и следниот настан под мотото „ Велосипед за таткото’’ ќе биде атракција која до сега не е организирана никаде.
Принцот објави дека на 11 декември, кога ќе се прославува 88. роденден на кралот Бумибол Адулајадеј, во 67 држави ќе се организираат велосипедски каравани во кои, покрај Тајланѓани кои живеат во странство се поканети и сите други што со симпатии гледаат на сијамското кралство.
Во Тајланд кралското семејство има особено значајна улога во политиката и во бизнисот, а познавачите тврдат дека ниту една од до сега бурните политички промени во државата се диригирани, или одобрени, од Дворот.
Кралското семејство со имоти вредни над 45 милијарди долари е едно од најбогатите на светот. Во оваа бројка не се вклучува вредноста на скапоценостите од накит и уметнички дела што се наоѓаат во ризницата на тајландското кралско семејство.