Таблетот „Аршо 80 титаниум“ достапен за 169 евра

Од:

 Францускиот производител „Аршо“ најави лансирање на својот таблет „Аршо 80 титаниум“, кој ќе може да се купи по цена од 169 евра.

Апаратот содржи оперативен систем Андроид 4.1 JB (Jelly Bean), екран IPS од осум инчи со резолуција 1024 х 768 пиксели, како и двојадрен процесор од 1,6 гигахерци со кој поддржува четиријадрен графички процесор.

Таблетот има еден гигабајт РАМ меморија, хард диск од осум гигабајти, кој може да се зголеми на 64 гигабајти, читач „мајкроSD“, безжична „вај-фај“ мрежа, како и мини излез HDMI.

„Аршо 80 титаниум“ се придружи на палетата производи на францускиот производител, која наскоро ќе биде збогатена со лансирање на апаратите „Аршо 70 титаниум“ и „Аршо 101 титаниум“.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска