По првпат наредната година бројот на продадени таблет компјутери ќе го надмине бројот на десктоп компјутерите, според истражувањето што го спроведе фирмата „International Data Corporation“ (IDC).
Континуираниот раст на продажбата на таблети како ајПад на „Епл“ и Галакси на „Самсунг“ покажуваат оти е извесно дека наредната година бројот на овие уреди ќе ги надмине десктоп компјутерите.
Во 2012 година испораката на уреди со пристап на Интернет се зголемила за 29,1 отсто на над милијарда парчиња, покажало истражувањето.
Овој раст во минатата година пред се е предизвикан токму со зголемената продажба на таблет компјутерите од 78,4 отсто од вкупно продадени 128 милиони парчиња, а раст на продажбата се очекува и во иднина за речиси 50 проценти, на речиси 190 милиони.
Продажбата на десктоп компјутерите во светот е во благ пад, додека продажбата на лаптоп компјутерите и натаму е стабилна.