Руската дизајнерка Камил Израилов дизајнираше нов тип телефон кој се состои од мали модули (коцки) кои се поврзуваат во една целина со облик по желба на корисникот.
Таа успеа да направи неверојатен таблет телефон – секој дел во облик на коцка има посебен извор за напојување и сите операции ги извршува со посебен процесор.
Тие посебни делови може да се комбинираат и од нив да се направи целина од кој било облик.
Сим-картичката и микрофонот се на посебни делови кои се лесно препознатливи по единствени графици на задната страна. Таблет телефонот на интернет се поврзува преку бежична врска.