Светски ден на агентот 007

Од:

Светскиот ден на Џејмс Бонд ќе биде одбележен на 5. октомври кога ширум светот ќе бидат организирани настани во чест на половина век од филмската франшиза посветена на агентот 007. Првиот филм за Бонд „Доктор Но“ светска премиера имаше во Лондон на 5 октомври 1962 година.

Меѓу настаните со кои ќе се одбележи овљаа годишнина се и хуманитарна аукција на предмети од филмовите за Бонд, истражување кое ќе биде спроведено во цел свет со цел да се дознае во која земја е омилен кој филм за Бонд, ретроспектива за Бонд во њујоршкиот Музеј на модерна уметност, модна изложба во Торонто и вечер на музика од филмовите за Бонд која ќе ја организира Американската академија за филм и наука во Лос Анџелес.

Како што пренесува „НМЕ“, новиот документарец „Everything or Nothing: The untold story of 007“(Сè или ништо: Нераскажана приказна за 007) исто така ќе биде прикажан на 5. октомври. Филмот ќе се бави со луѓето кои Бонд го донесоа на големото платно – писателот Иан Флеминг и продуцентите Алберт Р Броколи и Хари Салцман.

Премиерата на 23. филм за Бонд – „Skyfall“ е закажана за 26. октомври. Филмот го режираше Сем Мендез, а по трет пат славниот агент го игра Даниел Крег. Коментирајќи го „Светскиот ден на Џејмс Бонд“, продуцентите на „Skyfall“ Мајкл Вилсон и Барара Броколи навеле:

Одушевени сме што златната годишнина на Џејмс Бонд на филм ќе се одбележи со овој специјален ден.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид