Светска промоција на телефонот ЛГ Оптимус L3II

Од:

Јужнокорејската компанија „ЛГ Електроникс“ го претстави и вториот модел од новата серија телефони L II, под името Оптимус L3II, кој прво ќе биде достапен на бразилскиот пазар.

Оптимус L3II е стилски унапреден и продолжува да го следи трендот во дизајнот со помош на четири нови елементи, кои го прават апаратот воочлив и забавен за користење.

Благодарејќи на поголемиот капацитет на батеријата, Оптимус L3II сега дава QuickMemo со Overlay режим кој ја зголемува продуктивноста, а досега бил достапен само во премиум сегментот на ЛГ смартфоните, се наведува во соопштението.

QuickMemo со Overlay режим им овозможува на корисниците брзо да фаќаат белешки, користејќи „транспарентен слој“ низ кој се гледа позадината. Ова ја елиминира потребата за поделба на екранот и им овозможува на функцијата QuickMemo и на другите апликации да се користат симултано во режим на полн екран.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска