Светска премиера на новиот Бонд вечерва во Лондон

Од:

Најновиот филм од серијалот за тајниот агент Џејмс Бонд 007, Skyfall вечерва ќе има светска премиера во Ројал Алберт Хол во Лондон.

Се очекува на проекцијата да присуствуваат принцот Чарлс и неговата сопруга Камила како и главните ѕвезди на ова остварување – Даниел Крег, Џуди Денч и Хавиер Бардем.

Приходот од вечерашната гала проекција ќе биде наменет за хуманитарните организации кои ги помагаат припадниците на британските разузнавачки служби.

Skyfalл е 23 филм од популарниот серијал, чија режија ја потпишува Сем Мендес додека во улогата на агентот 007 повторно е Даниел Крег.

Џуди Денч ја игра шефицата „М“, а улогата на негативец овој пат му припадна на шпанскиот актер Хавиер Бардем.

Критичарите кои имаа можност да го одгледаат филмот, го оценија како „едне од најдобрите Бонд филмови“.

Би можело да ве интересира

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ

Курт Расел за The Hateful Eight: Морав да станам сосема нова личност

Предраг Петровиќ

Снимањето на серијата за Хари Потер започнува следната година: „Нова актерска екипа“

Предраг Петровиќ

Проекција на филмот „Божиќното танго“ во режија на Никос Кутелидакис

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид