Ентериерот во едно поткровје во лондонскиот кварт Челзи е дизјаниран во несекодневен стил, кој претставува совршена мешавина на фантастичниот свет од делата на францускиот писател Жил Верн.
Ентериерот во станот е инспириран од научната фантастика и нереалните интепретации на модерната технологија во викторијанската ера.
Фокусот во ентериерот на поткровјето е насочен кон повеќебојниот цепелин, кој наликува како да „плови“ низ таванот.
Во кујната пак, антички клучеви се искористени како рачки за креденците и фиоките.
Овој стан од 167 метри квадратни е дизајниран како отворен простор со одвоени спална соба и две целосно опромени бањи, кои се „сокриени“ зад врати од цевки, запченици и навртки.