Светилки инспирирани од медузите

Од:

Калифорниската дизајнерка Рокси Расел, создаде серија светилки инспирирани од деликатната убавина на медузите.

Преку нејзината работа таа се надева дека ќе придонесе со тоа дизајнерите повеќе внимание посветат кон доближување до природата и нејзините процеси.

Колекцијата светилки под наслов „Медузи“ е нејзин матурски проект во Колеџот за дизајн во Пасадена, каде што студираше дизајн за „животна средина““.

– Во суштина ние сме поучувани да изградуваме и дизајнираме на земјата, на копно, рече дизајнерката. Јас сакав да ги истражувам односите кои ги имаме со екосистемот од една „подлабока“ перспектива.

– Проектите од разни дизајнери воглавно не оттуѓуват и не делат од природата, се обидуваат да бидат подобри од неа, да ја надминат, но оваа дизајнерка се обидува да го зачува односот со природата, да го зачува она што од природата можеме да го научиме. Таа е следбеничка на идејата „биомимкрија“, односно учење и адаптација на биолошките процеси во решавање на нови проблеми.

Името на колекциајта „Медуза“ е преземена од грчкиот збор за медуза и овие „светилки“, односно висечките светилки, доаѓаат во четири различни стилови.

Светилките се изработени од ПЕТ пластика, односно пластика која може да се рециклира и која често се користи за пластични шишиња. Дел од креативната сила што доведе до создавање на оваа колекција беше, исто така, да се предупреди на проблемот со пластичниот отпад во светот, па можеби и делува необично што токму тој ист материјал се користи за овој производ.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска