„Супермен“ стрип продаден за 175.000 долари

Од:

Редок примерок на првиот стрип за Супермен кој повеќе од 70 години бил заборавен во куќа во Минесота вчера беше продаден за сума од 175.000 долари.

Стивен Фишлер, генерален директор на сајтот comicconnect.com изјави дека победникот на он-лајн аукцијата е „посветен колекционер на дела од златната ера на американскиот стрип“.

Стрипот бил во лоша состојба и пред аукцијата не бил реставриран.

Фишлер додаде дека во светот постојат околу стотина познати копии на првиот број на Супермен кој бил објавен во 1938-та година и декa кога оваа копија би била во добра состојба би вредела околи милион долари.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он