Иако станува збор за љубов која постоeше само на филм, или во стрип, сепак во прашање беше сосема искрена и голема поврзаност помеѓу суперхеројот Супермен и неговата поубава половина, припадничка на обичните луѓе, Луис Лејн.
Но, очигледно и кај нив разликите си го направија своето, па во новите изданија на стрипот „Лига за правда“, Супермен си има нова девојка, иста како него, хероина – Вондервоман.
„DC Comics“ кој стои зад споменатиот стрип, во неколку претходни изданија навестуваше крај на врската и почеток на нова романса. Супермен и Вондервомен флертуваа како никогаш досега и сето тоа резултираше со сликата на насловната страница каде што позираат заедно.
Креаторите на стрипот велат дека ова не е трик за да привлечат повеќе клиенти, туку нов статус на хероите кој ќе им помогне да го „затресат“ светот на хероите.
Интересно е да се спомне дека во стрипот за Бетмен „The Dark Knight Strikes Again“ се појавува ликот на Лара или Супергрл, која е ќерка на Супермен и Вондервомен, а неодамна филмската компанија „Ворнер“ најви и филм во кој ќе се појават сите јунаци заедно.