Студија: Емоционалниот живот кај младите во земјава на многу ниско ниво

Од:

Емоционалниот живот кај младата популација во нашата земја е на многу ниско ниво, заклучи психологот Ана Поп Ризова повикувајќи се на студијата што е спроведена во 48 земји во светот и претставува еден значаен показател за тоа каква е состојбата со менталното здравје кај младите.

Студијата што е направена на млади на 13 и 15-годишна возраст, посочи Поп Ризова покажа дека 22 проценти од хетеросексуланите млади чувствуваат психосоматски тегоби, а таков проблем имаат дури 45 отсто од девојчињата на таа возраст.

– Ова можеме да го поврзиме со емоциите, зошто многу често се случува неуспевајќи да се справиме, незнаејќи да се справуваме со емоциите, ние како личности, психата и телото така функционираат, се развиваат психосоматски тегобии. Главоболки, болки во стомак, алергии, тешкотии во концентрација, напнатост и раздразливост. Ова може да значи дека речиси половина девојчиња во една недела повеќепати чувстуваат вакви симптоми. Истата состојба е и со чувството на нервоза, значи околу 45 проценти од девојчињата и 27 проценти од момчињата, рече психологот, на дијалогот што се одржа на тема „Емоционалната компетентност на учениците како образовна цел”.

Таа нагласи дека студијата покажала дека 29 проценти од девојчиња и 16 проценти од момчиња имаат тешкотии со концентрацијата, посочувајќи дека тие резултати се показател дека младите на оваа возраст во земјата имаат психосоматски проблеми пиврзани со начинот на справување со своите емоции, а врзано и со она што се случува со училишниот живот.

– Околу 24 отсто од момчињата, 43 отсто од девојчињата чувствуваат депресивно расположение и имаат суицидни мисли. Значи дека ова можеме да го толкуваме во насока на тоа оти свеста и емоционалниот живот генерално, со оглед на состојбата на менталното здравје кај младата популација, се на многу ниско ниво во нашата земја, нагласи Поп Ризова.

Таа наведе дека трендот, светски и европски, е токму во таа насока, на младите да им се дава поддршка да се учат да ги развиваат своите вештини како да се справуваат со своите емоции, затоа што ако не знаат како да се справи со својата тага, ако не знаат на кого да се обратат, тогаш таа тага можеби ќе премине во депресивно расположение или ќе оди и во некои други посериозни психички проблеми.

– Генерално сметам дека овој тип на активности се многу важни затоа што се единствена контратежа на она на што во моментов е најголем фокус ставен во образование. Значи сите и наставниците и учениците и родителите премногу се фокусирани на успехот на оценките на усвојување на материјалот. Меѓутоа она што е исто неизоставен дел од нашиот живот е и нашиот емотивен живот е и нашето ментално здравје, заклучи Поп Ризова.

Психологот Светлана Аспровска Тодоровиќ посочи дека она што денеска се гледа како феномен е дека младите ги доживуваат многу интензивно емоциите.

– Младите реагираат интензивно и кога емоцијата реално нема толку големо покритие за таквата емоционална реакција. Дел од тоа да речеме го наоѓам и поради влијанието од и социјалните мрежи. За едно дете да научи емоција и различни видови на емоции треба да ги контактира индивидуите со емоциите, а она што нашите деца најмногу го прават е следење на социјалните мрежи што претставува фатена емоција во еден момет. Начесто и „наместена“ емоција во одреден момент. За да имаме различност на емоциите ние мора да направиме директен контакт. Емоционалната свесност значи дека ќе го препознаеме и кога е среќен и кога е помалку среќен, кога е тажен како изгледа, а не само она од онаа фотографија којашто ја гледаме на профилот, образложи Аспровска Тодоровиќ.

Таа наведе кога ќе ги научиме децата и кога ќе им помогнеме самите искуствено да ги поминат сите тие емиции коишто ги доживуваат во себе, стигнуваме до друг степен, којшто вели дека веќе откако ги познаваат и ги препознаваат кај другите сега веќе треба да почнат да ги контролираат. Да ги контролираат во контекст на тоа во одредена ситуација да ги покажуваат онолку колку што ситуацијата дозволува.

– Емотивно зрелиот човек ќе знае да ја прилагоди емоцијата на ситуацијата и со нејзиниот интензитет и со доживувањето. Од друга страна ова би значело дека не треба да ги контролираме, во смисла дека ги потиснуваме емоциите, буквано треба да знаеме кога да ја покажеме кога не, секако да ја изразиме. Бидејќи потиснатата емоција е потенцијална опасност, таа ќе излезе во некоја друга ситуација и ќе ни направи одреден конфликт или несакана ситуација. Емотивно зрелиот човек би значело дека ќе може да ја прилагоди емоцијата и да ја доживее меѓутоа во зависност од ситуацијата, рече Аспровска Тодоровиќ.

Таа истакна дека емоционалната компетентност би значела дека во контекст на емоциите ние би можеле да преземеме акција, дека доживувањето на емоциите ќе не поттикне да преземеме акција во согласност со сопствените потреби, но почитувајќи ги потребите на другите.

Јавниот дијалог што се одржа денеска беше завршен настан на проектот „Развивање на емоционалната компетентност“.

Би можело да ве интересира

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

Жител на Тработивиште бара работа и помош да обезбеди пари за лекување на сопругата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Маж ми е инвалид со мозочен удар, извршителот ни ги зема парите што ни се за лекови

Габриела Димковиќ-Мишевска

ВИДЕО: Жителите на Долно Количани во буриња носат вода за пиење од соседните села

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Жителите на Јака: „Елитната населба“ е целата во кал, во потполн мрак, без јавен превоз

Ана Ололовска

„Ѓорче Петров“ донираше за социјално загрозеното семејство од „Долно Лисиче“, од општина Аеродром ниту трага, ниту глас

Ана Ололовска