Студентите од Медицинскиот факултет во Осиек добија задача да ја гледаат турската сапуница „Сулејман Величенствениот“ за полесно совладување на предметот на Клиничка пропедевтика. Препораката стигнала од деканот на факултетот проф. Александар Вчев.
– За предметот Клиничка пропедевтика многу е важно да се научи и препознае состојбата на пациентот од неговите мимики, а во оваа серија тоа фантастично може да се научи. Токму на „Сулејман“ може да се видат колку емоциите можат да се изразат само со мимика или движење со очите и тоа без зборови, рече деканот.
Серијата „Сулејман Величенствениот“ секој ден просечно го гледаат 420.000 Хрвати.