Мет Кулез е студент од Мелбурн кој одлучи да оди на кафе со сите пријатели на Фејсбук и тоа со секој одделно. Тој во текот на седум години собрал дури 1.088 пријатели на Фејсбук.
Оваа „авантура“ одлучил да ја документира и да направи блог „1000+Coffees“ и се надева оти овој потфат ќе се оствари за три години.
Социјалниот експеримент започна овој септември па досега тој испил кафе со 23 пријатели. Во последните три недели тој „одработува“ едно кафе на ден.
– Идеата е многу едноставна. Еден ден се запрашав: – Кои се тоа луѓе, моите наводни пријатели на Фејсбук? Можев едноставно да ги избришам, но се предомислив и сакав подобро да ги запознам. Ова ми се чини како еден социјален експеримент и ненадејно мојот живот се промени на подобро, рече 28-годишниот Кулез.
– Се јавив и на некои поранешни девојки и се испадна одлично. На сите кои им се јавив се заинтересираа за оваа едноставна идеја која за кусо време многу позитивно влијаеше на мојот живот, рече овој Австралиец.
Кулез во текот на средбите зборува многу малку за себе и се обидува да дознае што повеќе за луѓето со кои пие кафе.
– Се чуствувам како да правам интервју со нив, заклучи тој.