Стотици луѓе пробаа да го урнат светскиот рекорд во капење без облека

Од:

Неколку стотини луѓе беа доволно храбри да влезат во ладната вода, па во раните утрински часови пробаа да го соборат светскиот рекорд во капење без облека.

Во Нортумберленд, североисточна Англија, околу двесте потполно голи капачи се втурнаа во морето. Натпреварот е одржан за да се собори светскиот рекорд на најголем број натпреварувачи кои некогаш учествувале на ваков вид натпревар.

Интересното нуркање имало и хуманитарна димензија, бидејќи добиените пари од соборувањето на рекордот биле наменети за здружението за ментално здравје „Мајнд“. За жал не биле присутни доволно луѓе.

Организаторката Жаклин Хигинсон рекла дека настанот е еден вид славење за нас и нашите тела и сликовит начин да се соберат средства во хуманитарни цели.

„Немаше доволно луѓе за да го собориме светскиот рекорд, но не имаше доволно за да ни биде забавно. За среќа собравме неколку илјади долари“ -изјави Хигинсон.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство