„Геометрик Стол“ на Катја Западинска, претставува парче мебел што го добило неговото име поради едноставната конструкција составена од само пет геометриски елементи што се натпреваруваат со изгледот и како големи делови на 3Д сложувалка стојат на едно место.
Дизајнирана за сите луѓе кои не можат да „седат мирно“, формата на оваа столицата овозможува мирно седење на стабилен начин или во константно движење со нишање.
Столицата е креирана од светло обоено дрво и вештачка кожа.