Со користење на кожа, баскискиот дизајнер Мартин Азуа создаде најнова креација, „Shoemaker“ столица.
Направена со еден лист кожа, столицата му овозможува на корисникот да го подеси обликот на грбот и наслонот за рацете, благодарение на лентите кои минуваат низ дупките на наслонот и на страните на седиштето.
– Често објектите, како и луѓето, имаат поблем да бидат она што навистина се, појаснува дизајнерот Азуа.
Оваа столица има своја личност како чевлите и бара грижа како што се грижите за вашите чевли.