Теоретскиот физичар Стивен Хокинг за прв пат добива можност да патува во вселената, на понуда на Ричард Бренсон, газдата на Вирџин.
Хокинг за емисијата Гуд Морнинг Британ изјави дека никогаш не ни сонувал за тоа дека би можел да лета во вселената.
„Ричард Бренсон ми понуди место на леталото Вирџин Галактик и одма го прифатив“ изјави Хокинг.
Познатиот физичар изјави дека децата му биле една од најголемите радости во животот, но патувањето во вселената би било на слично рамниште.
Вирџин Галактик се надеваат дека наскоро ќе може да започнат со нивните комерцијални летови во вселената.