Централното греење и поставувањето добра топлинска изолација на зградата помага на физичкото и менталното здравје, покажува британско истражување.
– Сметам дека главна порака е дека подобрувањето на станбените услови може да го подобри здравјето, особено ако подобрувањата на подрачјето на енергијата и топлината се спроведат во станбени единици во кои живеат луѓе со респираторни проблеми, вели Хилари Томсон, шеф на истражувањето од „Medical Research Council“ во Глазгов.
Неколку истражувања досега ги поврзуваа лошите станбени услови со лошото здравје, но научниците го доведуваа во прашање квалитетот на тие докази, вели Томсон и појаснува дека било тешко да се раздвојат факторите на лошите станбени услови од другите фактори кои играле улога, како возраста и сиромаштијата.
Според резултатите од истражувањето објавени во списанието „Cochrane Library“, со лошото здравје во домот најчесто се поврзани неквалитетниот воздух, греењето и влагата, присуството на радон, вревата, прашината, чадот од цигари, пожари.
За да утврдат дали унапредувањето на топлотните услови во станот може да резултира со „опипливо“ подобрување на здравјето на станарите, британскиот тим ги анализирал резултатите од 39 претходни меѓународни студии.
Утврдиле дека на пример во зграда во која е поставена надворешна топлинска изолација бројот на лица со лоша здравствена состојба се намалил за 40 отсто.