Иако е средина на втората деценија на 21-от век, архитектите се уште се среќаваат со барања на клиентите за дизајнирање на нивните станови во стилот од 50-те години на минатиот век.
Современиот мебел во најголема мерка е изработен од пресувано дрво и иверка, но „стилот на 50-те“ подразбира мебел од масивно дрво со чисти линии и декорации.
За овој стил карактеристични се големи и отворени простории што може да се постигне со елиминрање на дел од ѕидовите, како и со поставување на големи ѕидни огледала со што се дополнува визуелниот ефект на пространост.
Кога се декорира стан во стилот на 50-те неизбежни се и големи лутсери кои доминраат со таваните и кои претставуваат висински уметнички дела.
Во средината на минатиот век белата боја била доминанта при боењето на ѕидовите, што овозможува до израз да дојдат мебелот и украсните елементи во станот.