Дизјанерите на полското студио „Видавски Архитектури“ реновираа еден стан во Варшава, при што водеа сметка за желбата на неговите сопственици за едноставност, добар дизајн и квалитетни материјали.
Станот, со површина од 120 метри квадратни, нуди симфонија на модерен црно-бел ентериер и со употреба на остри детали и внимталено одбрани површини создава посебен стил и префинетост.
Речиси совршениот амбиент во станот се надополнува со мудро организираниот простор и со употреба на лакиран мебел, геометриски плочки и интерсни позади во сите простории, почнувајќи од салонот за дневен престој, преку трпезаријата и минималистичката кујна, па се до спалните соби.
Со употреба на монохроматски бои, различни форми, интересен мебел и декорации, просторот не е монотон, а со придодавање на стаклени елементи и тридимензионални тапети се добива визуелно зголемување на просторот.