Во полскиот град Познањ се наоѓа еден мал стан во чиј ентериер доминираат само две бои – црната и белата.
Станот е декориран во минималистички стил со нагласено влијание на скандинавските прваила, кои ставаат акцент на визуелната едноставност и функционалноста.
Во дизјанот на ентериерот е ставен фокус на геометриски и текстурални варијациии, каде црната и белата боја даваат трајна харизма, складност, софистицираност и чувство на ексклузивност.
Во дневната соба црно-белата комбинација е надополнета со светли нијанси на зелено и жолто, кои заедно со сивиот кадифен кауч придонесуваат за монохроматски изглед на просторот.
Бидејќи станот е со мала квадратура, употребена е едноставна, но моќна шема која дава визуелна транспарентност, така што не постои визуелна фрагментација на расположливиот простор.