Српскиот рапер Раста уапсен во Охрид

Од:

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста бил уапсен синоќа во Охрид поради поседување наркотици, јавуваат српските медиуми. Тој требаше да настапи пред познатата светска ѕвезда Џејсон Деруло

Раперот бил приведен пред хотел во Охрид од полицајци, пред очите на минувачите. Раста тргнал на стадионот каде што требаше да настапи, тврди српски Телеграф.

Раста веќе беше уапсен во октомври 2020 година кога полицијата пронашла пет грама марихуана кај него, по што беше три месеци во притвор, а потоа беше осуден на осум месеци.

Би можело да ве интересира

Раперот Диди Комбс ќе биде ослободен на 8 мај 2028 година

Горан Наумовски

Детали за апсењето на српскиот рапер Раста

Раперот кој доби смртни закани поради песната за Македонија поднел пријава во бугарската тајна служба

A1on

(ВИДЕО) По ироничната песна за Македонија: Бугарски рапер добил над сто смртни закани

A1on