Среќен пар по вторпат доби милион фунти на лотарија

Од:

Јавноста е фасцинирана од приказната за брачен пар од Велика Британија кои по втор пат станаа добитници на милион евра на лотарија.

Сопругот Ричард Дејвис и Феј Стивенсон-Дејвис од Велс освоија 1 милион фунти (речиси 1,1 милион евра) на лотарија минатиот вторник.

Парот стана милионер по втор пат, откако го освоија својот прв милион во јуни 2018 година, објавува CNN.

По добивката, тие продолжија да купуваат лотариски билети, надевајќи се дека повторно ќе можат да добијат.

„Знаевме дека шансите се неверојатно мали“, призна 43-годишната Стивенсон-Дејвис.

„Но, ние сме доказ дека сè е можно ако само верувате“ рече таа.

Иако ја следеа својата интуиција, имаа многу поголеми тешкотии да ја освојат втората награда. Овој пат, им беа потребни четири извлекувања по ред за да ја освојат големата парична награда.

„Кога ќе погодите два броја во извлекувањето, автоматски добивате бесплатен билет за Lucky Dip за следната игра“, објасни 49-годишниот Ричард Дејвис.

„Тоа ни се случи и нам. Погодивме два броја и го добивме Lucky Dip, што нè одведе во следното извлекување и така натаму додека не го освоиме извлекувањето“ рече тој.

И покрај победите, двојката не ја изгуби желбата за работа.

Ричард рече дека ќе продолжи да работи како курир за време на новогодишните празници, доставувајќи ги сите пакети, додека неговата сопруга призна дека ќе им пружи поддршка за менталното здравје на своите клиенти.

Тие рекоа дека сè уште не одлучиле како ќе ги потрошат парите од наградата.

„Првиот пат купивме автомобили за некои луѓе, дониравме минибус на рагби тимот и им помогнавме на пријателите и семејството на секој начин“, откри Ричард Дејвис.

„Овој пат, којзнае? Не брзаме и ќе уживаме во моментот“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Англичанец освои џекпот од 4,6 милиони евра – ја разбуди сопругата, го рестартираше таблетот, па даде отказ од работа

А1он

Од коло 99 гарантираниот фонд за 7-ка ќе се зголеми на 10 000 000 денари, една лото-комбинација ќе изнесува 30 денари.

Брачен пар е нападнат на булевар во Скопје

Бонус игра за online учесниците на Лото 7 и Џокер

Ана Ололовска

Златна рипка вредна 1.000.000 уловена во „Анафил“ Кочани

Ана Ололовска