„Спотифај“ ќе дозволи да закачуваме сопствена музика во нивната „Андроид“ апликација

Од:

„Спотифај“ е една од најпопуларните услуги за стриминг музика која нуди разновиден каталог од над 30 милиони песни од сите популарни жанрови.

Услугата е бесплатна, но ако сакате да ги отстраните рекламите и да слушате офлајн со врвен квалитет, ќе треба да платите за премиум профил. Софтверските инженери на „Спотифај“ веќе експериментираат со нови корисни функционалности кои првично ќе бидат достапни само за паметните телефони на „Андроид“.

Оваа алатка е наменета за оние кои не успеваат да најдат некои од нивните омилени песни во каталогот на „Спотифај“. Токму затоа креаторите на услугата сакаат да ни дадат можност да ја „закачиме“ музиката од нашата лична колекција и да ја слушаме во нашите профили. На овој начин ние нема да мораме да користиме друга мобилна апликација за оваа намена и секогаш ќе имаме пристап до музиката што ја сакаме, информира „Енгаџет“.

Новото копче „Import“ во менито за поставувања ќе отвори дополнителен прозорец од кој ќе ја одберете музиката за да ја поставите на вашата сметка. Содржината ќе биде организирана во различни категории, како што се „Folder“, „Artist“, „Album“ и „Song“. Поддржаните формати ќе вклучуваат MП3, MП4 и M4П. Друго подобрување во „Спотифај“ е интеграцијата на корисна „Saved for Later“ функција за да ги зачувате вашите омилени подкасти на вашата сметка подоцна.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска