Холивудскиот режисер Стивен Спилберг ќе снима серија за Наполеон врз основа на нереализирано филмско сценарио на Стенли Кјубрик.
Како што наведува „Холивуд Репортер“, станува збор за еден од најпознатите неснимени филмови на Кјубрик, „Наполеон“, за чие сценарио тој вложи големи напори проучувајќи ја биографијата на францускиот владетел, но на крајот се откажа од неговото снимање.
– Извесно време работам на филмското сценарио на Кјубрик, кое е напишано во 1961 година, со цел да го претворам во мини серија за животот на Наполеон, изјави Спилберг.