Спектакуларната светлосна инсталација, дело на јапонскиот часовничарски бренд „Citizen“ во соработка со парискиот архитект, Тсујоши Танео од ДГТ студиото.
Оваа поставка паметно е наречена „Light is Time“ и се состои од над 65.000 светлечки механизми на итнересни часовници. Секој од нив е прицврстен за плафон со метални нитни, а оваа инсталација е сместена во „Токио Спирал“ галеријата. Првото прикажување беше во април оваа година на „Milan Design Week“, каде биле користени околу 80.000 механизми.
Посетителите на галеријата имаа можност да прошетаат низ ова единствено уметничко дело, уживајќи во неговата светлосна убавина. Како што рече Тсујоши Тане, целта на инсталацијата била да ги потсети луѓето на врскате меѓу светлоста и времето, со нагласување на поврзаноста на читањето на времето и осветлувањето. Што и да била филозофската импликација на овие талентирани луѓе, „Light iIn Time“ инсталацијата е величествена, волшебна и инспиративна.