Јапонскиот производител на пенкала „Намики“ креираше посебна колекција „Намики Чинкин Ројал Ростер“ пенкала по повод претстојната кинеска година на Петелот.
Преубавата совршена рачна изработка е прикажана на пенкалата што се креирани со помош на јапонските уметнички форми Чинкин (златен додаток) и Уруши (лак).
Колекцијата е лимитирана едиција и претставува вистинско уметничко дело на врвните јапонски мајстори.
Секое пенкало доаѓа со елегантна дрвена кутија зашиена со кадифе, а неговата цена е 3.700 долари.