Создавачите на Фејсбук и на Мајкрософт ќе се борат за универзален пристап до Интернет до 2020

Од:

Создавачот на социјалната мрежа Фејсбук Марк Зукерберг и шефот на компјутерскиот гигант Мајкрософт Бил Гејтс ветија дека ќе вложат ресурси за реализирање на една цел, односно развивање на универзален пристап до Интернет до 2020.

Намерата е изразена во декларација, претставена од Зукерберг и Гејтс на средбата на врвот за одржлив развој, што се одржува во ОН во Њујорк.

Под декларацијата потписи ставија и коосновачот на Википедија Џими Вејлс и пејачот Боно. Тие, меѓутоа, не истакнаа колку пари ќе дадат за оваа цел.

Иницијативата ќе биде впишана во стратегијата, која содржи 17 цели за одржлив развој и искоренување на сиромаштијата во светот до 2030, усвоена вчера во ОН.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он