Создадена транспарентна соларна лента што произведува енергија

Од:

Научниците од Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес (UCLA) развија двослојна транспарентна соларна лента што може да се постави на различни стаклени површини за „апсорбирање“ сончева енергија.

Овој ултра тенок уред користи две полимерни соларни ќелии, кои сончевите зраци ги претвораат во енергија што може да се акумулира. Лентата може да се постави на прозорци во домовите, на автомобили, па дури и на екраните на нашите смартфони.

Идејата е еден ден оваа технологија директно да се интегрира во сите овие производи. Научниците веруваат дека двете полимерни соларни ќелии овозможуваат да се акумилира двојно повеќе енергија отколку панел плочите со една ќелија. Нормалните панел плочи со една ќелија може да апсорбираат до 40 проценти од инфрацрвените зраци, додека панел плочите со две ќелии до 80 отсто.

УЦЛА веќе има изработено прототип, но се уште не е познато кога оваа технологија ќе почне масовно да се применува.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска