Создаден првиот таблет како „лист хартија“

Од:

Создаден револуционерен таблет со екран од 10,7 инчи што е тенок како лист хартија, а кој во блиска иднина може да ги замени класичните компјутери.

Новиот таблет е еластичен и не е кршлив. Изработен е на Кралскиот универзитет во Канада во соработка со „Пласток лоџик“ и „Интел Лабс“. Овој пронајдок може да доведе до создавање нови револуционерни „неуништливи“ уреди.

Научниците претставија и концепт на нов десктоп, што користи „листови хартија“ за секоја апликација, а не традиционален екран со прозорци. Корисниците ќе имаат десет или повеќе интерактивни екрани или „хартиени табови“ кои ќе претставуваат друга апликација. Табовите може да се користат и како електронски книги, а вртењето страници ќе се врши со виткање на екранот.

– Хартиените табови ќе го олеснат работењето со повеќе документи истовремено, тврди Роел Вертегал, директор на Хјуман Медиа Лаб, на Кралскиот универзитет.

Интересно е тоа што поголема површина на дисплејот може да се добие со доближување на два „Хартиени табови“ еден до друг.

Интел смета дека оваа технологија во брзо време може целосно да го замени традиционалниот екран.

– За пет до десет години поголемиот број компјутери, од ултра ноутбукс до таблети, ќе изгледаат како листови хартија во боја, смета Рајан Бротман, наичник од Интел.

„PaperTab“ може да чува и прикажва илјадници хартиени документи, со што ќе ја замени потребата за компјутерски монитори и тони хартија. За разлика од традиционалните таблети „PaperTab“ ги памети локациите на сите делови и апликации, како да станува збор за физички компјутерски прозорци.

Новиот уред изгледа како вистински лист хартија, но е целосно интерактивен со флексибилен пластичен дисплеј од 10,7 инчи со висока резолуција, изработен од „Пластик Лоџик“ и Интел процесор КорТМ и5, од втора генерација.

– Ова е само еден пример за иновативен револуционерен дизајн, што го нуди флексибилниот екран, изјави Индро Мукерџ, ЦЕО на Пластик Лоџик.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска