Современата резиденција се наоѓа во Канзас Сити и е дизајн на „Хуфт проџектс студио“. Објектот воедно и е изложбен простор во кој се сместени нивните дела и тест прототипови на студиото.
Зградата „Шоухаус“ се простира на 280 метри квадратни и содржи широк спектар на иновативни материјали како во внатрешноста така и во екстериерот. Таа е и удобен семеен дом на основачот и главниот архитект на компанијата „Хуфт“.
Дворот е место за семејно собирање.
Дневната соба и трпезеријата се микс на традиционални и современи детали.
Детските спални соби се наоѓаат на катот, а нивниот дизајн е многу поразигран.