Современиот дом кој се наоѓа во Редвуд Сити изграден е од дрво и претставува пример како денешната архитектура може да биде исклучителна и елегантна кога се употребуваат природни материјали.
Куќата се простира повеќе во ширина отколку во висина, конструкцијата содржи големи транспарентни прозорци кои дозволуваат природната светлина да влегува во ентериерот цел ден.
Дрвото доминира со целокупниот ентериер на куќата. Подовите, таваните, мебелот и декоративните предмети се од дрво.
Некои од овие елементи се финиширани и елегантни, додека другите се оставени во сирова состојба, со што во просторот е внесено чувството на дивина.
Во дворот има и базен опкружен со густа трева, што не е многу чест случај.