Современ стан со „дневен“ и „ноќен“ дел

Од:

Во центарот на Скопје се наоѓа модерен стан со површина од 116 метри квадратни, дизајниран од студиото „Прокси“, кој е поделен на две единствени целини базирани на принципот „ден-ноќ“.

Стан Скопје 2

„Дневниот“ дел од станот го сочинуваат дневната соба и кујната со трпезарија, кои меѓусебе се раздвоени со ентериерен ѕид на кој од двете страни има полици.

Стан Скопје 3

Главниот ѕид во дневната соба е дефиниран со шперплоча со вертикални дрвени панели, кои создаваат комплексна текстура на внатрешниот простор кој се шири кон влезниот ходник. Дрвените елементи се среќаваат во целокупниот дизајн и се искористени како сегмент за спојување на разлините ентериери.

Стан Скопје 4

За разлика од темните виолетови нијанси во дневната соба, кујната е целосно бела, со што се истакнуваат деталите изработени од дрво. Највпечатлив дел во кујната е вертикалниот ѕид за цвеќиња, кој прекрива цела една нејзина страна.

Стан Скопје 5

„Ноќниот“ дел на станот се состои од спална и детска соба, која може да функционира и како домашна канцеларија или простор за седење. Во спалната соба доминираат сиви тонови, а виталноста на „дневниот“ дел е заменета со многу посмирувачка и позрела атмосфера. Над брачниот кревет се поставени полици, кои потестуваат на оние во кујната, а со вградувањето на црвени лампи се обезбедува „боење“ на просоторот.

Стан Скопје 6

Во детската соба долж едниот ѕид е поставен гардеробер, кој обезбедува дискретен простор за складирање, додека со рамни полици е дефиниран делот наменет за читање и работа.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска