„Сорал импулс 2“ полета од Мјанмар за Кина на петата етапа од патот околу светот

Од:

Соларниот авион „солар ипулс 2“ рано утринава ја почна својата петта етапа од патот околу светот, полетувајќи од Мандалај во Мјанмар во правец на кинескипт Чонгкинг.

Леталото чекаше повеќе од една недела во Мандалај, за да се подобрат временските услови на југоистокот на Кина.

Обраќајќи се од контролната мисија во Монако, принцот Алберт рано утринава му даде дозвола за полетување на пилотот Бертранд Пикард.

Пикард е еден од двајцата швајцарски пилоти на соларниот авион, кој ќе мора да се бори против екстремниот студ од минус 20 степени Целзиусови во кокпитот и непредвидливите околности на летањето во планините на кинеските провинции Јунан и Сечуан. За летање на најголеми височини Пикард ќе мора да користи дополнителен кислород.

Се очекува патот од 1.375 километри да го измине за 18 часа.

Временската прогноза за Кина е главно добра, но екипата предвидува дека ниските ветрови во Чонгкинг ќе бидат најпредизвикувачкиот дел од летот.

Покрај тоа, тој ќе мора да надлетува опасно подрачје, на границата со Кина, каде се водат борби меѓу етничките кинески Коканг бунтовници и мјанмарската милиција.

Екипата која на патот околу светот го испрати соларниот авион, што во крилата има вградени повеќе од 17.000 соларни ќелии, на овој начин сака да ја промовира зелената енергија. Кога се појави по првпат, воздухопловната индустрија го исмеа, но потфатот беше пофален ширум светот, вклучувајќи го и генералниот секретар на ОН, Бан Ки- мун.

Мускат беше првото од 12-те места за застанувања, на првиот лет за Абу Даби. Од Оман авионот одлета во индискиот град Ахмедабад, а потоа за Варанаси и Мандалај.

Авионот од Чонгкинг ќе одлета за Нанкинг, град на источниот кинески брег, пред да се впушти во најтешкото патување преку Пацификот до Хаваи, што ќе трае околу 120 часа, за кои треба да мине 8.172 километри.

Би можело да ве интересира

Бектеши: До 2017 година имавме само 19 мегавати од фотонапонски централи, сега за само 2 ипол години имаме 80 мегавати приклучени на мрежа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Новата 17 MW соларна електрана е чекор напред кон енергетска независност

Ана Ололовска

Ковачевски: Започната е енергетската трансформација со која се обезбедува чиста енергија и енергетска независност

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он

Одобрена стратешка инвестиција за соларен парк вреден 270 милиони евра

А1он

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска