„Сопранови“ – серија со најдобро сценарио

Од:

Сагата за мафијашкото семејството од Њу Џерси, „Сопранови“ е американска телевизиска серија со најдобро сценарио, оцени Здружението на американски сценаристи.

Здружението објави список на 101 најдобро телевиско сценарио, изравотен врз основа на анкетата спроведена меѓу нејзините членови. Веднаш зад „Сопранови“, на второ место се најде серијата „Сајнфелд“.

Меѓу комедиите, покрај „Сајнфелд“, се најдоа и хит сериите од 70-тите години на минатиот век „All in the Family“, „The Mary Tyler Moore Show“ и „М.А.S.H.“, како и „Кафулето наздравје“.

„Западното крило“, „Жица“ и „Момчиња од Мадисон“, која е единствената серија која се уште се прикажува во САД, го заокружуваат списокот на првите десет. Анимирана серија „Симпсонови“ е на 11-то место, а по неа следи хитот од 50-тите години на 20-от век „I Love Lucy“.

Најдобро пласирана неамериканска серија е „Downton Abbey“, која се наоѓа на 43 место.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ