Сони Плејстејшн 4 ќе биде претставен во февруари

Од:

Јапонската корпорација „Сони“ на специјален настан што ќе се одржи на 20 февруари оваа година, ќе претстави нова генерација на најпопуларната конзола за игри Плејстејшн.

Сони вчера ги објави плановите за специјалан манифестација на тема Плејстејшн. Според луѓе блиски до проектот, новата конзола за игри ќе биде претставенa на овој настан, со цел да го победи „Мајкрософт“ во најавата на новата генерација на Иксбокс 360, пренесува „Волстрит џурнал“.

Плејстејшн 4 на пазарот ќе се појави подоцна во текот на годината. Конзолата за разлика од своите претходници повеќе ќе се фокусира на аспектите од социјалното вмрежување и играње игри преку интеракција на машината и човекот, а не само на хардверската моќ на системот.

„Сони“ првично планираше од Плејстејшн 4 целосно да го исфрли читачот на дискови, така што сите игри исклучиво да се преземаат од интернет. Сепак, поради големите фајлови и релативно бавните интернет врски во голем број земји, „Сони“ на крајот се откажа од оваа идеја.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска