Јапонската компанија „Сони“ во текот на пролетта на пазарот ќе претстави нова верзија на „Икспериа Зет“ таблет.
Новиот Икспериа Зет таблет ќе биде отпорен на вода и прашина, а ќе има 10,1 инчен ЛЦД екран. Уредот ќе биде компатибилен со ЛТЕ мрежа.
Таблетот ќе биде со тежина од само 495 грама и дебелина од 6,9 милиметри.
Уредот ќе биде опремен со Сони камера, што на корисниците им овозможува да прават фотографии во темница со помош на автоматското прилагодување на опциите за фотографирање.
Икспериа Зет ќе биде достапен во црна и бела боја. а цената се уште не е позната.