Јапонската компанија „Сони“, по долго размислување, сепак одлучи на пазарот да му го понуди својот златен Xperia P модел, спакуван во исклучително и целосно несекојдневно пакување – во стакло.
Телефонот е изработен од посебен метал, прелеан со 24-каратна обвивка од злато, отпорна на гребење и отстранување.
Sony Xperia P gold е произведен во само 15 примероци и претставува експеримент на компанијата, од кој ќе зависат новите модели од луксузни материјали во иднина.
Промоцијата на овој модел се врши само на официјалната страница на „Сони“ на Фејсбук, и тоа исклучиво за регионот на Скандинавија.
Телефонот не може да се купи во слободна продажба, ниту да се порача, и ќе им биде бесплатно доделен на најдобрите Фејсбук натпреварувачи на конкурсот на „Сони“ кој е во тек.