Сони официјално го потврди моделот Експирија Ц што ќе биде наменет првенствено за правење одлични „селфи“ фотографии.
Експирија Ц ќе има камера од 5 мегапиксели на предниот дел и ЛЕД блиц, што според Сони го прави најдобриот селфи-телефон на светот.
Сони Експирија Ц3 доаѓа со 5,5 инчен екран со 720 пиксели, 1,2 гигахерци квад кор процесор и камера од 8 мегапиксели на задниот дел. Смартфонот е опремен со 4Г, Андроид КитКат 4.4 и батерија од 2.500 мили Ампер часа.
Смартфонот во продажба се очекува да се најде кон крајот на август годинава.