Научниците на Универзитетот Индијана неодамна докажаа дека мажите кои плачат имаат поголема самодоверба од тие кои се воздржуваат да заплачат.
Доказите укажуваат дека солзите ја намалуваат алергијата, ја намалуваат болката кај ревматолошкиот артритис, а го регулираат и имунолошкиот систем…
Во студијата од 2006 година, експертите проучувале реакции на 60 лица кои страдале од екцем и алергии додека ја гледале тажната семејна драма Крамер против Крамер.
Експертите дошле до резултати така што на испитаниците пред филмот на кожата ставиле латекс, а подоцна им ја мереле реакцијата.
Во споредба со тие кои не заплакале, уплаканите гледачи имале помала реакција на латексот, а нивната кожа имала и пониско ниво на воспаление на имуноглобулинот.
Јапонската студија со пациенти кои се болни од автоимуни болести како реуматоиден артритис, открила дека тие кои плачат чувствуваат помала болка и имаат помали симптоми од тие кои трпат и не плачат.
Испитувањето на крвта веднаш по плаќањето покажа дека нивото на природните имунолошки хемикалии кои инаку ја влошуваат оваа болест било помало и дека тие пациенти подобро ја контролираат состојбата на болеста после една година.
Многу експерти истакнуваа дека ова е доказ дека солзите се природна одбрана на телото против хормоните на стрес кои можат да наштетат на телото. Плачењето е проследено со засилена активност во парасимпатичкит нервен систем, а негова работа е да го смири телото по стресен настан и да ја успори работата на срцето.
Некои студии укажуваат дека плачењето го зголемува нивото на окситоцин, хормон на среќата, кој оневозможува испуштање на хормон на стрес, кортизол. Студијата објаснува дека жените по правило плачат повеќе, но се чини дека двата пола плачат подеднакво во тек на големи животни настани како што е жал за починат, објаснува проф. Ед Вингерхотс, психолог и водечки експерт за плачењето од Универзитетот Тилбург во Холандија.
Меѓутоа, ако се споредат со жените, мажите плачат почесто за позитивни настани, додека женските солзи често течат поради тие негативните. За таа разлика, експертите главно ги обвинуваат хормоните и објаснуваат дека тестостеронот ја потиснува потребата за плачење, додека женскиот хормон пролактин поттикнува сочувство и солзи.
Професорот Вингерхотс вели и дека на количина на солзите влијае и способноста за сочувство и невротичност, колку лицето е невротично, толку ќе биде почувствително на чувствата на други луѓе и полесно ќе заплаче. Почесто ќе плачеме и ако сме ненаспиени или под влијание на алкохол, бидејќи двете состојби ја намалуваат контролата над чувствата и реакциите.