„СоларПраф“ е ЛЕД светлка наменета за итни случаи и несреќни околности, која може целосно да се склопи и да се напојува од сончевите зраци.
По седум години истражување, иноваторот, автор, професор и основач на компанијата „Солајт Дизајн Студио“, Алис Чун, разви преносна расклоплива соларна ламба наречена „СоларПраф Лајт“, како алтернатива на керозинските фенери, со што го намалила загадувањето, пружајќи светлина на луѓето кои се наоѓаат во деликатни финансиски состојби, било да им треба за секојдневна употреба, итни случаи или во ситуации при разни катастрофи и природни непогоди.
Рамното пакување на лампата е креирано од рециклирано платно за едра и 10 ЛЕД светили, кои се полнат од сончевите зраци и пружаат 8 до 12 часа светлина.
Постојат три формации на оваа лампа – ниска, висока и трепкачка, наменета за опуштање и ослободување од стрес.
Осветлувањето е водоотпорно, може да плива над вода и да ги издржи сите климатски услови. За активирање на лампата доволно е вртење и повлекување, а да се исклучи доволно е благо притискање.
Хуманитарната организација во сопственост на дизајнерот се фокусира на архитектонската уметност и со својот одржлив дизајн и архитектонски решенија помага на социјално загрозените заедници во светот, подобрувајќи ги нивните општества и намалувајќи ја загаденоста на нивите домаќинства.
Не е тешко да се замисли дека овој производ ќе биде од голема помош за луѓе кои живеат без електрична енергија, во бегалски кампови, зони на катастрофи или војни и други локации во кои загадувачите на околината се единствена алтернатива.