Конзумирањето поголема количина засладени сокови во новото истражување е поврзано со поголем ризик за појава на бубрежни каменчиња.
Американски научници од „Brigham and Women’s Hospital“ во Бостон напоменуваат дека внесувањето доволни количини течности е исклучително важно во превенцијата на појавата на каменчиња во бубрезите, но засладените сокови не се најдобар избор за тоа.
Новите наоди се темелат на следење на над 194.000 испитаници во текот на осум години. Се покажало дека лицата кои дневно конзумираат над една доза некој засладен сок имаат просечно 23 отсто поголем ризик за бубрежни каменчиња отколку лицата кои таквите сокови ги пијат помалку од еднаш неделно.
„Clinical Journal of the American Society of Nephrology“ пишува и дека бубрежни каменчиња имаат 20 отсто од мажите и десет отсто од жените во САД.